МакедонијаНајново

Околу 100 скопјани добија казни, фрлале отпад по 22 часот

Инспекторите на Град Скопје досега изрекле околу 100 казни за граѓани кои фрлале комунален отпад во контејнерите по 22 часот, како и десетина казни за фирми и над 100 опомени.

Мерката е воведена со одлука од ноември 2025 година, со која е забрането фрлање ѓубре во периодот од 22 до 6 часот наутро. Казната изнесува 50 евра, а според податоците на градските власти, во буџетот досега се собрани над 2.000 евра од наплатени глоби.

Од Град Скопје велат дека забраната значително ја подобрила хигиената во градот и влијаела на навиките на граѓаните.

Дополнително, Советот на градот донесе одлука кафулињата, маркетите и другите деловни објекти да обезбедат посебни контејнери за отпад, со цел да се намали оптоварувањето на комуналните контејнери наменети за домаќинствата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons