Актуелно

Од полноќ ќе имаме пониски цени на нафтените деривати 

Се намалуваат цените на нафтените деривати. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,20 отсто во однос на одлуката од 20 април. 

„Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,666 отстокај дизелот за 6,122 отсто, кај екстра лесното маслоза 6,120 отсто и кај мазутот има зголемување за 0,865 отстоКурсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,064 отсто“, велат од РКЕ. 

Малопродажната цена на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 3,00 ден/лит. 

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,50 ден/лит.

Малопродажната цена  Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,028 ден/кг.

Од 25.4.2023 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС – 95     81,00 (денари/литар)

Моторен бензин    ЕУРОСУПЕР БС – 98   83,50  (денари/литар)

Дизел гориво  ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)       71,00 (денари/литар)

Масло за горење  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)   70,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС      41,437 (денари/килограм)

Од РКЕ велат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 25 април. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени. Вчера на лондонската берза нафтата се продаваше за 81,6 долари по барел.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons