МагазинНајново

Облачно и дождливо време денеска, локално се очекуваат над 25 литри дожд на квадратен метар

Во Македонија денеска ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни и ќе надминат 25 литри на квадратен метар, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Кон крајот на денот се очекува врнежите да престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој повремено ќе засилува, особено долж Повардарието.

Минималните температури ќе се движат од 6 до 10 степени, додека максималните ќе достигнат од 10 до 14 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно, со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а температурата ќе се движи од минимални 8 до максимални 12 степени.

Од утре се очекува стабилизирање на времето, со променлива облачност и без врнежи. Во одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Од петок облачноста ќе се намали, а за време на викендот се очекуваат постудени утра, со температури кои на одделни места ќе се спуштат и под нулата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons