МагазинНајново

Облачен и ветровит ден, од вторник нов бран врнежи

Облачно и ветровито време со услови за слаб дожд, предвидуваат метеоролозите за денеска. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.

Во Скопје, претпладне со услови за слаб дожд, а потоа променливо облачно со пократки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавува дека утре и задутре следува преодна стабилизација на времето. Утре ќе биде умерено облачно со подолги сончеви периоди, а задутре претежно облачно со краткотрајни сончеви периоди во централните делови од земјава.

Од вторник следува период на претежно облачно време со врнежи од дожд. Во вторник врнежите ќе бидат претежно во западните и северните делови. В среда и в четврток облачно со слаби врнежи од дожд насекаде, кои ќе бидат пообилни во четврток, кога ќе има и услови за појава на ретки грмежи.

До четврток ќе дува југоисточен ветер кој во понеделник и вторник ќе биде засилен, повремено силен и ќе достигне брзина од 50 километри на час.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons