Актуелно

Нов глупав Тик ток предизвик меѓу учениците во Македонија, децата си ја притискаат дијафрагмата до онесвестување 

Наставничка од скопско основно училиште предупредува дека и во Македонија меѓу учениците масовно се шири опасен Тик ток предизвик. Таа за Локално упати апел до родителите да внимаваат на своите деца зошто тие го пробуваат предизвикот на онесвестување, кој може да има сериозни последици.

„Не знам како точно се вика предизвикот, но децата велат дека го виделе на Тик ток. Си ги стискаат дијафрагмите сè додека не се онесвестат. Некогаш тоа го прават еден на друг, некогаш сами. Но, имало случај кога дете останало онесвестено подолго време па морале да го прскаат со вода и да повикаат некој да им помогне,“ раскажа наставничката. Таа изразила сериозна загриженост дека не станува збор за изолирани случаи, туку за широко распространета појава која ги загрозува здравјето и безбедноста на децата.

„Тоа не го прават само на училиште, туку кажуваат дека пробуваат и кога се сами дома“ вели таа, повикувајќи ги родителите да бидат внимателни и да разговараат со своите деца за потенцијалните ризици од ваквите „игри“ на интернет.„Децата не се свесни дека ваквата навидум ‘игра’ може да има тешки последици или да резултира со трагедија,“ додаде таа.Предизвикот со онесвестување е опасен бидејќи се прекинува доводот на кислород во мозокот. Во слични форми, оваа пракса како феномен се јавува во последните триесет години, а последната варијанта, популаризирана преку Тик ток и други социјални мрежи, е причината за дваесетина смртни случаи во САД во последнава година, при што најмладата жртва имала само осум години, пишуваа пред неколку месеци американските медиуми. Од 1995 година наваму, вкупно 82 смртни случаи се поврзани со опасниот предизвик, според американскиот Центар за контрола и спречување на болести (ЦДЦ).

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons