Спорт

Несторовски го продолжи договорот со Славен Белупо

Македонскиот фудбалски интернационалец, Илија Несторовски го продолжи договорот со хрватскиот прволигаш, Славен Белупо.

По авантурата во Италија, Несторгол се врати во хрватскиот фудбал, а сега го продолжи договорот со Славен Белупо до јуни 2026 година.

„Среќен сум што се договоривме за нова соработка, бидејќи во Копривница се чувствувам како дома. Во клубот владее семејна атмосфера и кога клупските челници ми понудија нов договор, не се двоумев ниту минута. Не ни погледнав што пишува, веднаш потпишав и среќен сум што ќе останам во Копривница барем уште една година откако ќе заврши актуелната сезона. Верувам дека со моите голови и напор на теренот ќе придонесам клубот да напредува“, изјави Несторовски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons