Македонија

Нема да ја екстрадираме Ива Михаилова, вели бугарскиот министер за внатрешни работи

Бугарската полиција ниту ја бара, ниту ќе ја екстрадира Ива Михаилова во Македонија. Ова го изјави министерот за внатрешни работи Иван Демерджиев во гостување на поткаст, користејќи термин „српските власти“ за официјално Скопје. 

Македонските истражни органи сѐ уште истражуваат како Михаилова ја премина македонско-бугарската граница. Но ниту бугарските власти засега не откриваат како таа избега од Македонија во Бугарија.

Михаилова до почетокот на следната недела ќе биде задржана во болницата „Пирогов“ во Софија. Бугарските лекари сѐ уште не ја утврдиле нејзината здравствена состојба, од болницата, за тамошните медиуми велат дека ќе ѝ бидат направени дополнителни високоспецијализирани испитувања за да се разјасни нејзината здравствена состојба. 

Деталите за целиот случај и истрагата која е во тек од македонска страна ќе бидат презентирани и пред партнерите во НАТО, за Алијансата да сфати како се однесуваат партнерски држави. 

Истражните органи ќе треба да утврдат дали Михаилова границата ја минала нелегално на легален граничен премин или некаде на зелениот појас од граничната линија. Исто така, истрагата ќе треба да даде одговор дали во операцијата за нејзино бегство учествувале македонски службеници, но и дали самата операција ја спровеле бугарските служби. Шефицата на бугарската дипломатија, Петрова-Чамова веќе кажа дека бугарското МНР не учестувало во бегството на Ива.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons