Немаме мнозинство за внесување на Бугарите во Уставот, признава Џафери
Во моментов не може да кажеме дека имаме доволен број на пратеници за да се отвори Уставот со цел внесување на бугарска етничка заедница, тоа е, такви се бројките, изјави претседателот на Собранието на Македонија Талат Џафери. Тој ги повика партиите во парламентот, со оглед на тоа што декларативно се за членство на земјава во ЕУ, пред сѐ да работат за интересите на државата.
„Поради интересот за продолжување на евроинтеграциските процеси сите пратеници и политички субјекти во Собранието треба на уставните амандмани да гледаат како на нешто што е од особен интерес на државата и за граѓаните. Да потсетам и дека партиите декларативно не се против една или повече етнички заедници да бидат вклучени во Уставот”, рече Џафери.
Тој потсети дека за уставни измени се потребни најмалку 80 гласа за во парламентот и рече:
„Во овој момент бројките се тоа што се, мнозинството не може да каже дека во Собранието има доволен број на пратеници кои би гласале за уставни измени“, рече Џафери, одговарајќи на новинарски прашања.