МакедонијаНајново

 На само 200 метри воздушно од куќите: Пронајдени и отстранети над 1.800 гранати на битолското Тумбе Кафе

На локација во старата битолска касарна, пиротехничарите од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера пронашле над 1.800 рачни бомби и мини.

На истата локација во мај годинава беа пронајдени над 2.000 неексплодирани убојни средства од Првата светска војна.

„За три дена тим од 4 пиротехничари на ДЗС, од битолско Тумбе Кафе, на растојание од околу 200 метри воздушна линија од куќите, откопаа и отстранија вкупно 1.811 бомби и тромлонски мини. Рѓосани но убиствени како да се нови“, напиша директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов утрово во објава на Фејсбук.

Активностите ќе продолжат и во наредниот период, сè до отстранување на сите неексплодирани убојни средства од оваа локација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons