Актуелно

Националната мрежа на земјоделци бара системски решенија за македонскиот аграр

Проблемот во македонскиот аграр е во законската регулатива и затоа мора да се бараат системски решенија, сметаат од Националната мрежа на земјоделци. Во моментот се оставени на милост и немилост на откупувачите, па бараат помош од државата да реагира и да дефинира производни, откупни и заштитни цени на земјоделските производи.

– Имаме и друг проблем. Оваа година имаме околу 10 000 земјоделци кои не можеа да ги остварат правата за дополнителни субвенции, поради некои административни бариери кои ги имаше наметнато поранешната Влада. Мора некако да се бараат решенија, да се седне, да се разговара, за да се усогласиме, во спротивно, вака ако продолжиме ние како земјоделци ќе пропаднеме, но ќе се соочиме со страшен дефицит, односно, недостаток на храна, скапа храна, неквалитетна, така што ситуацијата е многу тешка, изјави Ѓорѓи Каракашев, Национална мрежа на земјоделци

Во време на инфлаторен раст, недозволиво е само цените на земјоделските производи да стагнираат или да одат надолу, додава Каракашев. Таков е случајот и со лебното зрно, чии производстени трошоци секојдневно растат, а откупната цена не се менува.

– Ако се задржи минатогодишната цена ние ќе бидеме длабоко во загуба. Евентуално, ако дојде до корекции и цената на пченицата биде над 20 денари можеме да зборуваме за некоја економска рентабилност. Под 20 денари е апсолутна загуба, додаде Каракашев

Благодарение на пролетните врнежи, годинава очекуваат просечен принос со солиден квалитет на родот, но површините под пченица се драстично намалени. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons