НАСА размислува за враќање на астронаутите од вселената поради медицински проблем
НАСА соопшти дека разгледува можност за предвремено враќање на екипажот од Меѓународната вселенска станица поради здравствен проблем на еден астронаут.
Оваа одлука доаѓа само неколку часа по откажувањето на планираната вселенска прошетка закажана за четврток.
НАСА соопшти дека астронаутот, чиј идентитет не е откриен поради медицинска приватност, е во стабилна состојба во орбиталната лабораторија, пренесува Ројтерс.
„Безбедното спроведување на нашите мисии е наш највисок приоритет и активно ги проценуваме сите опции, вклучувајќи ја и можноста за предвремено прекинување на мисијата Кру-11“, соопшти НАСА.
Враќањето на четиричлениот екипаж на „Кру-11“ би било ретка последица од медицински проблем на Меѓународната вселенска станица, каде што астронаутите обично живеат во ротации од шест до осум месеци со пристап до основна медицинска опрема и лекови за некои видови итни случаи.



