Накитена подводната новогодишна елка во Охридското Езеро
Традиционално и оваа година нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид денеска ја накитија подводната новогодишна елка во Охридското Езеро, кај Музејот на вода.
– Како и секоја и оваа нова 2023 година нуркачите од „Амфора“ им ја посветуваат на децата со ретки болести со желба за здравје, успех и среќно детство, порачуваат од Нуркачкиот центар, честитајќи им ја Новата година на сите граѓани.
Посетителите на Музејот на вода, елката ќе можат да ја видат од денеска, па се до крајот на јануари.