Москва го отфрли италијанскиот мировен план за Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска го отфрли планот за мир во Украина предложен од Италија.

Лавров рече дека е запознаен со неговата содржина само преку медиумите бидејќи Москва не добила копија.

Меѓутоа, неговиот заменик Андреј Руденко во понеделникот рече дека министерството го примило предлогот на Италија и дека го проучува.

Лавров во интервју за руската РТ рече дека планот предвидува анектираниот Крим и регионите контролирани од промосковските сепаратисти во источна Украина „да бидат дел од Украина со широка автономија“.

„Сериозните политичари што сакаат да постигнат резултати, а не да се промовираат пред својот електорат, не предлагаат такви работи“, рече тој очигледно мислејќи на италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи ди Мајо.

Ди Мајо минатата недела им предложи на Обединетите нации мировен план од четири точки за прекин на борбите во Украина каде што Русија спроведува воена офанзива од 24 февруари.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons