Спорт

Младеновски стави потпис на нов договор со Вараждин

Хрватскиот клуб потврди дека ја продолжува соработката со македонскиот фудбалер Марио Младеновски до 2029 година.

Младеновски имаше одлични настапи за Вараждин, тој е важен фудбалер за клубот во кој е од 2024 година.

Поради таквиот статус, Вараждин реши да ја продолжи соработката со Младеновски до јуни 2029 година.

25-годишниот фудбалер кој потекнува од школата на Вардар, сениорското деби го имаше за црвено-црните, а потоа играше за Фремад Амагер, Ботев Пловдив, Македонија ЃП, Шкупи и сега Вараждин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons