Мицкоски: Македонците плаќаат поскапа струја од сите во регионот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека Македонците плаќаат поскапа струја од Словенија, Србија, Босна, Турција, Хрватска. 

„Направив една споредба на цените на електрична енергија што ги плаќаат компаниите, оние кои што се од мал обем и оние кои што се од среден обем односно кои што трошат меѓу 500 и 2.000 мегават часови годишно. И ова не го објавува Христијан Мицкоски туку ова го објавува Еуростат“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во централниот дневник на Сител телевизија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека цените се однесуваат на второто полугодие од 2021 година, пред речиси една година од денеска.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons