Меѓународен ден на мајчиниот јазик
Лингвистите предупредуваат да го чуваме македонскиот јазик бидејќи тој е темел на културата, идентитет и државноста. Во услови на глобализација сите мали јазици се загрозени и затоа треба да се вложува во зачувување и афирмација на мајчиниот јазик. За таа цел научната фела архивираше картотека од 5 милиони страници со записи за сегашните и идни генерации.
Оваа година конечно ќе биде донесен новиот закон за употреба на македонскиот јазик уверува министерката за култура.
На меѓународниот ден на мајчиниот јазик во Институтот се одбележуваат три јубилеи, 70 г од основањето на оваа институција, 120 години од книгата „ За македонцките работи од Крсте Мисирков и еден век од од раѓањето на книжевниот великан Ацо Шопов.