Мекинтош освои злато на 400 метри слободно на СП
Самер Мекинтош освои златен медал на трката на 400 метри слободно на Светското првенство во Сингапур.
Канаѓанката беше најбрза во оваа дисциплина, завршувајќи го пливањето за 3:56,26 минути, што беше доволно за златен медал и убедлива победа
На втората позиција се пласира Бингџи Ли, кинеската пливачка имаше задоцнување од 1,95 секунди. Од друга страна, Кејти Ледецки освои бронза со време за 2,23 секунди побавно од Мекинтош.
.