МакедонијаНајново

МВР со први официјални информации за двојното убиство во Скопје 

Од Министерството за внатрешни работи за Слободен печат ги соопштија првите официјални информации за двојното убиство кое вечерва се случи во Старата скопска чаршија во Скопје.

„На 06.03.2023 во 20.11 час. во СВР Скопје пријавено е дека во угостителски објект во Скопје неколку лица пукале кон Ј. К. и Е. И., кои починале на лице место, и кон А.Т., кој е пренесен во болница за укажување лекарска помош“, велат од МВР.

Полицијата ја има блокирано улицата Самуилова која поминува меѓу Калето и старата скопска Чаршија каде вечерва е извршено двојно убиство и не дозволува приод до местото на злосторството.

Според неофицијалните информации загинатите се поврзани со скопското подземје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons