Македонија

МВР: Непријавени евра и спорен товар откриени во автобус од Германија

Во автобус што сообраќал на релација Германија – Македонија, полицијата денеска пронашла 34.965 евра кои не биле пријавени, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Автобусот „мерцедес“, сопственост на туристичка агенција, бил сопрен на подрачјето на СВР Тетово од полициски службеници на Мобилната единица за компензаторни мерки. Со него управувал 37-годишен возач од тетовското село Доброште, а сообраќал на линијата Германија – Македонија.

При прегледот, во приколката на автобусот биле пронајдени повеќе канти за кои не биле приложени документи и дозволи за транспорт.

Дополнително, кај еден од патниците – 20-годишник од Теарце, полицијата пронашла пет пликоа со разни апоени во вкупна вредност од 34.965 евра, кои, според МВР, биле внесени во државата преку граничниот премин Табановце без да бидат пријавени.

Според информациите, патникот не поседувал документи за сопственост и потекло на парите.

Возачот и патникот се лишени од слобода поради сомнение за сторени дела по член 278 „криумчарење“ од Кривичниот законик и член 29 од Законот за девизно работење, а по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons