Актуелно

Матичните лекари на тридневен штрајк, нема да издаваат упати и рецепти

Од денеска до среда матичните лекари со протест на работните места ќе го искажат своето незадоволство од тоа што надлежните не ги исполнуваат нивните барања. Овие три дена тие нема да издаваат упати и рецепти и ќе третираат само итни случаи.

Штрајкот е во организација на Здружението на приватните лекари на Република Македонија, а нивното главно барање е зголемување на капитациониот бод, за кој велат дека пет години не е сменет.

Меѓу другите нивни барања се и двојно зголемување на ценовниците за приватни услуги, бришење на дестимулативната скала, електронско здравство, зголемување на буџетите за специјалисти и лаборатории за рурални амбуланти, како и барање да не се затвораат ординации на доктори кои сакаат да продолжат да работат после наполнети 64 години.

Министерот за здравство, Беким Сали, минатата недела изјави дека не го подржува протестот на матичните лекари, додавајќи дека  пациентите не смеат да трпат поради незадоволството на лекарите. Тој повика проблемите да се решаваат преку преговори, потенцирајќи дека вакви промени не можат да се направат во краток рок или под притисок.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons