Спорт

Марко Џорлев освои бронза на Младинската светска лига во Пореч 

Нов медал за македонското карате на Карате 1 Младинската светска лига што се одржува во Пореч, Хрватска.

После бронзениот медал на Љупче Михајлов, со бронза се закити и Марко Џорлев во категоријата до 63 кг. во кадетска конкуренција.

Џорлев најпрвин оствари победи над Филип Комарац од Хрватска (4:0), Самуел Дисалво од Белгија (4:0), па загуби од Мартин Енев од Чешка (8:0).

Во репасажот нашиот натпреварувач ги совлада Тарас Завидовски од Украина и Асим Малсагов од Германија, и во решавачкиот дуел за бронзениот медал запиша триумф над Лев Дијаченко од Украина со резултат 5:3.

Првото место во оваа категорија го освои Мартин Енев од Чешка, пред Теодорос-Ангелос Калусис од Грција, а бронза има и Стефан Криват од Романија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons