Манчини и Милевски без изненадување во стартните 11
Составите Италија и Македонија кои беа најавени во медиумите, се остварија, нема изненадувања од Роберто Манчини и Благоја Милевски во стартните 11.
Македонија ќе почне со Димитриевски на голот, пред него ќе бидат Муслиу и Велковски, на бековските позиции се Стефан Ристовски и Алиоски. Во средниот ред ќе играат Адеми, Николов и Барди. Милан Ристовски треба да биде најистурен шпиц, а по страните да напаѓаат Чурлинов и Трајковски. За Италија, Донарума е на голот, Манчни и Бастони се централни дефанзивци, бекови се Флоренци и Емерсон. Во средниот ред ќе играат Жоржињо, Верати и Барела, а напаѓачкото трио го сочинуваат Инсиње, Берарди и Имобиле.