МакедонијаНајновоПолитика

Манасиевски: Филипче е поголем негатор на Македонија, дури и од бугарските власти

Филипче е поголем негатор на Македонија, дури и од бугарските власти.

Пиунот на Радев, Венко Филипче, чекори по патот на Заев и е спремен за власт да потпише нови капитулации за Македонија и за македонскиот народ.

За Филипче и СДС, нема никаков проблем да бидеме окарактеризирани како „северномакедонци’’. Да потсетиме дека оваа неточна и навредлива придавка, доаѓа од нивниот најголем дипломатски дебакл, а тоа е Преспанскиот договор.

И после изјавата на министерката на Радев, Петрова Чамова, која не нарече „северномакедонци’’, Филипче и натаму вели дека не гледа никаков ризик, ниту загрозување на македонскиот идентитет. Згора на се, не ја осуди изјавата, ниту пак побара извинување.

Овие недостоинствени настапи на Филипче се доказ дека станува збор за уценет човек, но треба јасно да каже, со што е уценет и зошто води политика на штета на Македонија и македонскиот народ?

Линк од видео материјал:

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons