Манасиевски: РЕК со СДС плаќала двојно повеќе на Марковски компани од година претходно, а плаќано е и за еден камион неколку пати, затоа судиите на СДС го штитат газдата
РЕК со СДС плаќала двојно повеќе на Марковски компани од година претходно, а плаќано е и за еден камион неколку пати, затоа судиите на СДС го штитат газдата.
Имено, на 22 ноември 2022 година е склучен договор со Марковски компани, во вредност од 20 милиони евра. Само една година претходно, на 24 јуни 2021 година, за истата услуга се платени 13 милиони евра. Разликата е 7 милиони евра народни пари.

Разликата во крајната сума не е единствениотпроблем. Криминалот се случувал и внатре кога во комбинатот доаѓале камионите за мерење. При испораката на јаглен се користеле лажни фактури, истиот товар се наплаќал повеќепати, а депониите останувале празни. Ова не е грешка, ова е системски криминал.
Аздисаноста на власта на СДС и желбата да се испумпаат милиони од РЕК и ЕСМ ги чини граѓаните стотици милиони евра кои очигледно завршиле надвор од Македонија, на фирми во Бугарија и Дубаи.
Заради ова, судиите на СДС се борат газдата на Марковски да не заврши во притвор и да го спасат колку можат, од страв дека ќе ги каже шемите и како и каде завршиле стотици милиони евра од тендерите кои неговата фирма ги добивала во РЕК и ЕСМ.
Линк од видео материјал:
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ