МакедонијаНајновоПолитика

Манасиевски: Дали 1,3 милиони евра од набавката на житото во 2022 година, завршиле во џебовите на Заев, Филипче и Љупчо Николовски?

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите, 

Дали 1,3 милиони евра од набавката на житото во 2022 година, завршиле во џебовите на Зоран Заев,Венко Филипче и Љупчо Николовски?

Минатата власт на триото Заев, Филипче и Николовски, платила 8,6 милиони евра за набавка на 20.000 тони жито, односно 26,6 денари по килограм. Во тоа време берзанската цена за еден килограм жито била 20,5 денари, додатно плус транспорт од 2 денари, доаѓаме до една цена од 22,5 денари по килограм. 

Разликата во цената којашто овие тројца ја наплатиле е цели 4 денари, или во вкупна сума на набавката, 1,3 милиони евра. Прашањето е зошто е платено олку поскапа сума кога можело да се набави за многу поевтино? Дали овие пари можеби завршиле во нечии џебови од врхушката на тогашната власт на Зоран Заев, Венко Филипче и Љупчо Николовски? 

Дополнително, Љупчо Николовски мора да објасни зошто бил направен отпис од 2.000 тони жито од стоковите резерви? И зошто во толку брз период е набавено 20.000 тони жито, ако ситуацијата тогаш истиве луѓе велеа дека е под целосна контрола? Дали отписот бил намерно направен за да се отвори простор за нова набавка и потенцијално нов криминал? 

Граѓаните заслужуваат да знаат каде завршиле нивните средства и дали некој се богател додека државата плаќала поскапо за основна животна намирница како што е пченицата.

Ви благодарам. 

Линк од видео материјал

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons