Манасиевски: Дали е вистина дека постои случај Рекет 2 и дали ЈО го крие во фиока затоа што штитат функционери на СДС и ДУИ?
Дали е вистина дека постои случај Рекет 2 и дали Јавното обвинителство го крие во фиока, затоа што штитат функционери на СДС и на ДУИ?
Судството со 2% доверба и натаму тоне, а на кормилото ЈО Коцевски сеуште ги штити криминалците кои го изгласаа, а тоа се СДС и ДУИ.
Во јавноста излезе нов скандал, за кој ОЈО води предистражна постапка и процесот тука е застанат.
Во случајот опфатени се поранешната СЈО Катица Јанева, Бојан Јовановски, како и други тројца активни обвинители, кои се обиделе да рекетираат познат бизнисмен.
Почитувани, јавноста заслужува да знае, зошто овој случај се крие од неа? Дали затоа што штитат и кријат некој од СДС и ДУИ, и со тоа им оставаат простор истите да ја дефокусираат јавноста?
Зошто изминатава година, не е поведена ниту една постапка за поранешни функционери од СДС и ДУИ? Дали Коцевски сеуште ги штити неговите наредбодавци?
ЈО и Коцевски да си ја фатат работата, бидејќи таму се за да донесат правда, а не да кријат пријави по фиоки и да штитат лица блиски на СДС и до ДУИ.
Линк од видео материјал:
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ