Македонците се послаби од Европејците
Мажите во ЕУ се подебели од жените. Стапката на дебелина кај мажите е 17,4 отсто, а кај жените 15,3 отсто. Дополнително, 41,9 отсто од мажите биле со прекумерна тежина, во споредба со 29,3 отсто од жените, покажуваат податоците на Евростат. Последниот податок на Евростат за Македонија е од 2022 година и покажува дека 15,4 отсто од македонските граѓани биле дебели.
Во 2025 година, 16,3 отсто од луѓето во Европската Унија на возраст над 18 години биле дебели, што значи дека имале индекс на телесна маса од 30 или повисок. Дополнителни 35,4 отсто имале индекс на телесна маса меѓу 25 и 30. Генерално, повеќе од половина од полнолетното население во ЕУ било со прекумерна тежина, покажуваат податоците на Евростат.
Мажите во ЕУ имаат повисока стапка на дебелина од жените. Дебели биле 17,4 отсто од мажите, во споредба со 15,3 отсто од жените. Дополнително, 41,9 отсто од мажите биле со прекумерна тежина, наспроти 29,3 отсто од жените.
Највисока стапка на дебелина е регистрирана во Малта, каде што повеќе од една четвртина од населението било дебело. Следуваат Литванија со 24,6 отсто и Финска со 23,2 отсто. Најниска стапка на дебелина е регистрирана во Италија со 7 отсто, а потоа следуваат Грција со 12,8 отсто и Романија со 12,9 отсто.
Последниот податок на Евростат за Македонија е од 2022 година и покажува дека 15,4 отсто од македонските граѓани биле дебели.



