МакедонијаНајново

Македонците највеќе го користат ChatGPT за празен муабет

Македонците го користат ChatGPT почесто за разговор, лични размислувања и секојдневни проблеми, а поретко за работа. Според анализа на Институт Демократика, само 18,1 отсто од пораките од Македонија се поврзани со професионални задачи, додека речиси 40 отсто се барања за совет, учење или практична помош.

Македонија е меѓу европските земји каде ChatGPT најмногу се користи за неформален разговор и лична интеракција. Во јуни била и единствената земја во која ваквиот тип комуникација бил почест од директното поставување прашања.

Професионалната употреба, пак, се намалува. Во првата половина од 2025 година речиси 29 отсто од пораките биле поврзани со работа, а една година подоцна уделот паднал под 20 проценти.

Најголем дел од корисниците од Македонија бараат практични совети и решенија – од помош при учење и решавање проблеми, до здравје, фитнес и лична грижа. Во оваа категорија Македонија е меѓу највисоко рангираните во Европа.

Според Евростат, генеративна вештачка интелигенција користи нешто повеќе од една петтина од населението во Македонија на возраст од 16 до 74 години.

Анализата е направена врз основа на OpenAI Signals и опфаќа примерок од 300 илјади пораки месечно, во периодот од јули 2024 до јуни 2026 година. Податоците се однесуваат на пораки, а не на број на корисници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons