МакедонијаНајново

Македонските аеродроми со раст од 30% и покрај кризата на Блискиот Исток

Додека глобалната авиоиндустрија се соочува со сериозни турбуленции поради војната во Иран и затворањето на Ормутскиот теснец, македонските аеродроми во Скопје и Охрид бележат рекорден раст. 

Според последните податоци што ги објави вицепремиерот и министер за транспорт, Николоски, домашниот авиосообраќај бележи зголемување на бројот на патници за 30% во првите месеци од годината.

Иако војната на Блискиот Исток предизвика бран откажувања и реорганизација на летовите низ цела Европа, Меѓународниот аеродром Скопје успева да го задржи приматот. Конфликтот директно влијаеше врз планираниот капацитет – од понудените 390.000 нови седишта, забележано е кратење на околу 6.000 седишта токму поради безбедносната состојба. Но и покрај ова, скопскиот аеродром бележи раст од 32% во споредба со минатата година.

– Само од почетокот на оваа година се водедоа нови авиолинии од Скопје кон Неапол и Будимпешта, односно од Охрид кон Милано и Братислава. Дополнително, во текот на месец јули од Охрид започнува да оперираат линиите кон Катовице и Вроцлав, а од Скопје кон Палермо и Алгеро, со што за речиси две години од работа на оваа Влада, се воведоа 24 нови авиолинии кон европските центри, што е рекордна бројка на ново воспоставени авиолинии – напиша вицепремиерот Николоски.

Тој очекува оваа година да се надмине бројот на патници од 3,5 милиони, а следната година да достигне и до 4 милиони патници.

– Во однос на актуелните состојби со горивата, Македонија има стабилна состојба, во континуитет се врши координирање со сите институции и засега авиосообраќајот се одвива непречено – вели Николоски. 

Македонија има резерви на керозин од 90 дена, што е значително над законскиот минимум од 60 дена. Снабдувањето е стабилно и редовно, па авионскот гориво дури и се извезува за повеќе аеродроми во соседството, а приштинскиот аеродром е целосно зависен од нас. 

Нема проблеми ниту со бензините и дизелот. Досега не е потрошен ниту еден литар од резервите. Државата не размислува за ограничување на точењето за странци, иако во пограничните области потрошувачката е зголемена за 30%, главно од соседите кои овде доаѓаат да си ги наполнат резервоарите по пониска цена. 

Премиерот Мицкоски вчера најави дека Владата денеска ќе ѝ препорача на Регулаторната комисија како да ги прилагоди акцизите за бензините и дизелот, зависно од берзите. Објасни дека ако цената на нафтата е меѓу 800 и 1.000 долари по тон, намалувањето на акцизата би било 1 денар по литар. Ако надминува 1.200 долари тогаш е четири денари.

Нови цени на горивата Регулаторна ќе соопшти задутре.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons