Спорт

Македонија подобра и од Италија, ќе игра за првото место на турнирот во Анкара

Женската ракометна репрезентација на Македонија победнички на пријателскиот турнир во Анкара, откако во второто коло ја совлада Италија со 28-27 и ја забележа втората победа.

Јована Кипријановска и Сара Ристовска беа најефикасни во македонскиот состав со по шест погодоци, додека Емилијана Ризоска и Катерина Дамјаноска четири пати се запишаа во листата на стрелците.

Македонија утре ќе го одигра последниот натпревар на турнирот, а за противник ќе ја има домаќинката Турција. Со евентуална победа, избраничките на Игор Марковиќ ќе го освојат првото место.

Настапот во Анкара е дел од подготовките за Европското првенство во 2026 година, на кое македонската селекција ќе се соочи со Швајцарија, Романија и Норвешка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons