Спорт

Лука Дончиќ испиша историска страница во НБА лигата 

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс постигна победа во еден од 12-те ноќеска одиграни НБА натпревари. „Езерџиите“ ја победија Минесота Тимбервулвс со 128:110, а свое шоу имаше словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ.

Тој натпреварот го заврши со 49 постигнати поени (14/23 шут од игра) со 11 скокови и 8 асистенции со што беше на чекор од „трипл-дабл“.

Со својот ефект Дончиќ стана првиот играч во НБА лигата кој на два последователни натпревара има остварено повеќе од 40 поени, 10 скокови и 5 асистенции.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons