Локализиран пожарот кај Јабланица
Три дена се гаснеше пожарот кај планината Јабланица во близина на селата Радолишта и Фјеришта.
Поради непристапноста на теренот интервенциите од копно биле отежнати па се интервенирало со армиски хеликоптери од воздух Kомандирот на Територијалната противпожарна единица Струга, Фети Мазари нагласи дека немало опасност од зафаќање на селата.
Во регионот на Струга евидентиран е и друг пожар во селото Боговица, каде што надлежните служби дејствувале со копнени сили и истиот е локализиран.
Надлежните институции, апелираат до граѓаните да бидат одговорни и посочуваат, дека против секое лице кое ќе предизвика пожар или ќе постапува неодговорно ќе бидат преземени строги законски мерки.



