Актуелно

Лекарска комора: Не сме сите исти 

Од Лекарската комора соопштуваат дека го почитуваат правото на протест на сите граѓани, но истовремено ги осудуваат обидите сите доктори да се стават во ист кош како виновници за последните случувања, нарекувајќи ги „убијци“.

По вчерашниот протест поради кражбата на лекови на Клиниката за онкологија, од лекарската комора велат дека со етикетирањето на сите лекари се поткопува довербата меѓу лекарот и пациентот, што е клучна поповолен исход на лекувањето.

„Ниту еден пациент не смее да биде оставен без терапијата која му следува и во никој случај не смеат да се дозволат манипулации со цел остварување на материјална корист од страна на поединци. Брааме максимални санкции доколку се докаже во постапката дека дел од лекарите биле вклучени во злоупотреби на онколошката терапија.

Апелираме да не се создава масовна паника и да не се генерализира дека сè во здравството не е добро и дека сите лекари ги манипулираат своите пациенти“, соопшти Лекарската комора.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons