Лекарите апелираат да се почитуваат препораките за да не се полнат невролошките одделенија

Многу ризик фактори а многу малку граѓаните ги контролираат и почитуваат, предупредуваат лекарите. Дури 15 проценти од дневните интервенции во Брза Помош се поради мозочни удари а загрижувачки се и информациите од Неврологија – многу пациенти во ваква состојба а намалена е и старосната граница.

– Ни доаѓаат многу помлади пациенти со невролошки промени и тоа ненавремено откриени. Водичка со шеќер, апче за смирување и не поминува состојбата, ама за нас лекарите е проблем бидејќи навреме не сме почнале со лекувањето, вели проф.  д-р Драгана Петровска Цветковска, претседател на невролошко здружение.

– Зафатеност на екстремитети, искривување или отежнат говор веднаш да повикаат 112 или стариот познат 194, вели д-р Милица Бубало, раководител на Брза Помош Скопје.

Денешните превентивни прегледи покажаа дека многу граѓани добија црвена лента за задолжително одење кај интернист. Или висок притисок или висока вредност на шеќерот кои мора да ги контролираат за да избегнат мзоочен удар.

– Знаете кои се ризик фатори…знам, имав и јас и затоа ги почитувам, вели Олга од Скопје.

Освен хипертензија и дијабет ризик фактори се и  пушењето, стресот, високиот холестерол и масти. Спречи го и препознај го мозочниот удар – доживеј длабока старост е мотото кое треба да го знаат сите.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons