Конески од годишната конференција на УМС најави три проекти, реновирани студентски домови, грантови за млади претприемачи и студентите во општините не како гости, туку на практична работа
На денешната 35-та годишна Конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, под мотото „Нашата генерација-нашата Македонија“, која се одржува во салата „Расадник“ во општина Кисела Вода, свое обраќање имаше претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Тодор Конески, при што истакна дека мотото на годинашната конференција не е само слоган, тоа е став и порака дека не се генерација која ќе чека некој друг да ја реши нејзината судбина, ниту генерација која своите проблеми ќе ги решава со авионски билет во еден правец, туку генерација која одлучи да остане, да работи и да гради во Македонија.
Претседателот на УМС, Конески во својот говор посочи дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во младите гледа партнер кои се срцето и иднината на државата, и токму затоа во изминатите две и пол години посветено се работеше за да се реализираат многу проекти, меѓу кои три се од витално значење.
На првата работа на која се осврна Конески се студентските домови, кои беа наследени во многу лоши услови со искршени прозори и тоалети, бојлери кои со месеци не работат, влага по ѕидовите и соби во кои студентите наместо да учат, се бореле со студот и инсектите.
„Тоа е минато! Студентскиот дом „Стив Наумов“ е целосно реновиран и денес 1.150 студенти живеат во услови достојни на европски студенти. По него следува „Кузман Јосифовски – Питу“, а тоа е само почеток. Планот ги опфаќа сите девет државни студентски домови, а за преостанатите седум се обезбедени околу 50 милиони евра. Ова не е проект за една година. Ова е одлука дека студентот во Македонија заслужува да живее достоинствено“, рече Конески.
Конески истакна дека вториот проект и мерка за младите се грантовите за млади претприемачи, каде што преку јавниот повик за самовработување, невработените млади до 29 години со добра бизнис-идеја имаа можност да добијат финансиски средства.
„Со години младите во Македонија слушаа дека ако сакаат да успеат, треба да си го бараат својот пат надвор. Ние велиме спротивно: ако сакаш да успееш, твоето место е тука во Македонија. Затоа оваа година, преку јавниот повик за самовработување, невработените млади до 29 години со добра бизнис-идеја имаа можност да добијат 10.000 евра неповратни средства за да го основаат својот бизнис. Тоа е порака од државата до младиот човек: веруваме во твоето знаење, веруваме во твојата идеја и веруваме дека иднината на Македонија е во твоите. Секој нов бизнис отворен од млад човек значи едно семејство помалку што ќе се раздели на аеродром, а едно ново работно место повеќе во нашите градови“, истакна Конески.
Третата мерка која ја соопшти Конески е програмата „Месеци на практиканство“, посочувајќи дека со гордост беше најавена, а со уште поголема гордост се гледа како заживеа.
„Студентите од државните универзитети влегоа во своите матични општини, не како гости и не за фотографија, туку како дел од тимовите. Учат како функционира локалната самоуправа, работат на вистински предмети, предлагаат решенија и ја градат врската меѓу тоа што го учат на факултет и тоа што го бара реалниот животот. Ова е само првиот циклус. Од следната година предвидуваме повеќе студенти, повеќе општини и вклучување на приватниот сектор, за секој студент кој сака да има шанса да добие реална прилика да придонесе“, порача, меѓу другото, Конески од годишната конференција на УМС.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ



