Магазин

Колку е опасна рибата што се појави во Грција и во Јадранот?

Во водите на Грција изминатиов период е забележана „најотровната риба на светот“, а во еден период и во близина на Сплит и Дубровник.


Сребренолична риба-пафер, (Lagocephalus sceleratus), се појавува почесто во плитките води во последните месеци, вклучително и во областите каде што туристите се капат секојдневно.

Поради ова, многу туристи кои се подготвуваат за летен одмор со право се прашуваат: Дали е безбедно да се влезе во морето?

Оваа риба има исклучително силен загриз, па затоа експертите секогаш предупредуваат да не сте во близок контакт со неа. Може да оставаат длабоки рани, да скршат коска, да оштетат нерви, а во најлошиот случај и да одгризат цел прст.

Исто така, овие риби се отровни, главната опасност кај нив е невротоксин познат како тетродотоксин. Токсинот се наоѓа во јајниците, кожата, мускулите и црниот дроб на рибата, поради што е отровна за јадење.

Кај луѓето, отровот може да предизвика трнење, слабост, парализа, проблеми со респираторниот систем, па дури и смрт.

Иако звучи опасно, експертите велатдека оваа риба претставува поголем проблем за рибарите, отколку за туристите бидејќи им ги уништува мрежите.

Овие риби не напаѓаат луѓе, доколку не им се доближувате или ги вознемирувате. Имало ситуации кога рибата била привлечена од светкави предмети, како накит, мислејќи дека се храна, и во тој случај напаѓала.

За грчкиот медиум „Катимерини“биологот и професор Димитрис Пафрас открива дека рибата е забележана кај „островот Евбеја и западниот брег на Евија, како и покрај плажите на Атика“.

Оваа риба е таканаречена лесепска риба преселница – пристигнала од Индискиот Океан преку Суецкиот канал поради затоплувањето на водите.

Иако веќе е „домашна“ во Грција и Турција, таа е сè уште исклучително редок посетител на Јадранското Море. Овие риби речиси и да немаат природни предатори низ Медитеранот, па многу брзо се размножуваат.

Професорот вели дека миграцијата на рибите е донекаде очекувана.

– Кога одреден вид ќе најде храна, соодветни температури, успешна репродукција и малку непријатели, неговото ширење не е изненадување, туку очекуван еколошки исход – рекол Пафрас.

Оваа риба по природа е плашлива, но доколку ја забележите, држете се настрана од неа и не ја хранете. Ако сакате да ловите риба, тогаш бидете особено внимателни и немојте да консумирате видови што не ви се познати.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons