Спорт

Карлос Алкараз поради повреда нема да го брани трофејот на Ролан Гарос

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз нема да ја брани титулата на Ролан Гарос, бидејќи поради повреда е приморан на подолга пауза од терените.

Алкараз прво се повлече од турнирот во Барселона минатата седмица по само еден одигран меч, по што стана јасно дека станува збор за посериозен проблем. Поради истата повреда не настапи ниту на Мастерсот во Мадрид, а најновите информации потврдуваат дека паузата ќе биде подолга од очекуваното.

По резултатите од тестовите спроведени денеска, одлучивме дека е најразумно да бидеме претпазливи и да не учествуваме во Рим и ‘Ролан Гарос’, додека чекаме да го процениме нашиот напредок за да можеме да одлучиме кога да се вратиме на теренот. Ова е тежок период за мене, но сигурен сум дека ќе излезам посилен од него“, изјави Алкараз.

Со оваа одлука, шпанскиот тенисер ќе остане без значителен број поени, со оглед на тоа што требаше да ги брани титулите и на Мастерсот во Рим, како и на Грен слемот во Париз.

Според најавите, враќањето на Алкараз би можело да се случи на почетокот на сезоната на трева, со настап на Вимблдон, доколку рехабилитацијата се одвива според планот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons