И покрај проблемите наставата останува со физички присуство 

Стари инсталации, лошо парно греење,слаба изолација ,ладни простории-вакви се условите во дел од училишата низ држвава, посебно во руралните средини. За да ги згреат децата, наставниците дополнително уклучуваат и греалки, а за да заштедат некои дури и размислуваат да ги вратат и старите ќумбиња на дрваВладината мерка училиштата во државава да се снабдуваат со електрична енергија на регулиран пазар,не е доволна иако ресорниот министер Јетон Шаќири уверува дека на овој начин училиштата како и малите претпријатија ќе плаќаат пониски сметки за струја. Тоа ни од далеку не одговара на барањата на градоначалниците, кои предлагааучилиштата да плаќаат струја како за домаќинставата,оти сред енергетска криза образовните институции повторно ќе плаќаат високи сметки за струја.

„Ќе видиме и во делот на организирање на настава, гледам дека некои од општините имаат доставено барања до Советите за намалување на работните часови во текот на денот, но исто така кога ќе дојде одреден период можеме да го рационализираме и делот каде што во училниците има пома број на деца да ги реорганизираме“ – кажа Јетон Шаќири-министер за образование.

Општините се жалат дека блок дотациите за образование не се доволни,а родителите бараат продолжување на зимскиот распуст,но министерот Шаќири не отстапува-она што е извесно вели, е дека нема да има онлајн следење на наставата и ги повика директорите на училиштата да работеле одговорно,менаџирајќи ги енергетските потреби. И додека едни бараат начин како да ја пребродат енергетската криза,струшкиот градоначалалник Мерко сред криза, ја сели оштинската адмистрација во 86 години стара училишна зграда која од 2013-та година е прогласена за споменик на културата и е ставена под заштита на државата.Шаќири кој вчера се прошета низ просториите не знаел дали Мерко има дозвола од надлежните институции?

„Немам информација дали има доставено одлука или мислење од Институтот за културно наследство.Јас тоа што знам за образовниот процес, знам дека во тоа училиште не беше во добра сосотојба за настава“ вели Јетон Шаќири-министер за образование.

Останува прашањето, ако училиштето не било во добра состојба, зошто не се реконструираше  согласно нејзината намена,наместо  учениците кои учеа таму, сега да се тискаат во друга зграда која е стара 48 години и доправа ќе се реконструирала ?

alfa.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons