Магазин

Истражување покажува: Кафето може да го намали ризикот од неправилен срцев ритам

Во рамки на клиничкото истражување ДЕКАФ, посветено на испитување на врската меѓу внесот на кофеин и појавата на атријална фибрилација (АФиб) – најчестиот облик на неправилен срцев ритам – научниците откриле дека пациентите кои пиеле кафе имале помал ризик од развој на оваа состојба во споредба со оние кои не консумирале кофеин, објави Гардијан.

Истражувањето опфатило 200 лица со постојана атријална фибрилација, а резултатите покажале дека редовното пиење кафе е поврзано со значително понизок ризик од напредување на нарушувањето.

Тимот на чело со професорот и кардиолог Грегори Маркус од Универзитетот во Калифорнија, Сан Франциско, ги објавил наодите во период кога повеќе од 10 милиони Американци живеат со оваа дијагноза – состојба која може да предизвика срцев удар, згрутчување на крвта или мозочен удар.

Со помош на електрокардиограми и холтер-монитори, истражувачите утврдиле дека кај испитаниците кои пиеле кафе, ризикот од појава на срцеви неправилности бил намален за околу 17% во текот на шестмесечниот период на следење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons