Инцидент во НБА: Навивач го турна Дончиќ
Сан Антонио го победи Лос Анџелес Лејкерс со 99-96, а на мечот имаше и инцидент во кој беше вклучен Лука Дончиќ.
Дончиќ тргна кон тунелот кој води во соблекувалните кога навивач му довикна нешто. Словенецот фрли предмет кон него, се претпоставува дека е неговата лента за рака. Потоа работите се вжештија, дојде и до физички контакт, навивачот го турна Дончиќ, обезбедувањето веднаш реагираше.



