Македонија

Инспекциите на терен – Пенеста материја од Лепенец се влева во Вардар

Откако на социјалните мрежи се проширија наводи за сомнителна пена во Вардар, се огласи градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. 

Пред околу час и половина, до град Скопје стигнала пријава за непозната материја која од реката Лепенец се влевала во Вардар.

– Нашите инспекциски служби веднаш излегоа на терен, а дополнително ги контактиравме и инспекциските служби на Министерството за животна, кои исто така веднаш излегоа на терен. Дополнително, од страна инспекциските служби на град Скопје, беше пуштен и дрон за детектирање на причинителот на оваа појава, а службите од ЈП „Водовод и канализација” беа повикани за да земат примероци од реката и веднаш ги испитаат и утврдат за каква материја станува збор, појасни Ѓорѓиевски. 

Градоначалникот рече дека се во комуникација со Министерството за животна средина и министерот и верува дека за брзо време ќе биде откриен причинителот на оваа појава и соодветно санкциониран!

– Толеранција нема да има за никого! Веднаш штом добиеме подетални информации од Министерството кое е надлежно за разрешување на состојбите ќе бидете информирани, дециден е скопскиот градоначалник. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons