Имаме со што да се гордееме:Калин Ивановски триумфира на турнирот во Тунис! 

Младиот македонски тенисер Калин Ивановски денеска оствари одличен успех откако го освои ИТФ турнирот што се играше во Монастир, Тунис. Нашиот тенисер во финалниот меч го совлада Азиз Кијаметовиќ од БиХ со 4:6, 6:4, 6:1.

Противникот беше подобар во првиот сет, но во наредниот дел од мечот Ивановски доминираше и триумфираше на турнирот по одлучувачкиот трет сет.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons