Македонија

Имал 18 години, а возел 211 км/ч: Полицијата му го одзеде автомобилот

Осумнаесетгодишен возач-почетник е уапсен откако бил затекнат како вози со брзина од дури 211 километри на час на автопатот Скопје–Тетово, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Photo by Andrés Alagón on Unsplash

Според информациите од МВР, денеска во 16:21 часот, кај клучката Кондово, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот извршиле контрола со радар, при што било утврдено дека 18-годишниот И.А., кој има статус на возач-почетник, управувал патнички автомобил „Фолксваген Артеон“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 211 километри на час.

За возачите-почетници, максимално дозволената брзина на автопат изнесува 100 километри на час, што значи дека младиот возач ја надминал дозволената граница за повеќе од двојно.

По констатираниот прекршок, полицијата го лишила од слобода возачот, а возилото било привремено одземено.

Од МВР потсетуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и апелираат до сите учесници во сообраќајот, особено до младите возачи, да ги почитуваат сообраќајните правила и ограничувањата на брзината, со цел да се намали ризикот од тешки сообраќајни несреќи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons