ИМАЛО УШТЕ 168 ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ ПОТРЕСИ – тежок земјотрес од 7,4 степени го погоди Мексико

Силен земјотрес го погоди Мексико.

Според мексиканските сеизмолози, магнитудата е 7,4 степени, а епицентарот на земјотресот бил на брегот на Пацификот.

Земјотресот го погоди брегот на Ла Пласита де Морелос во западно Мексико, објави Американскиот геолошки институт. Тие наведуваат дека земјотресот се случил на 46 километри југоисточно од градот Ла Пласита де Морелос во државата Мичоакан, а епицентарот бил на длабочина од 10 километри.

Во Мичоакан, епицентарот на земјотресот, се случија уште 168 помали последователни потреси, објави мексиканската сеизмолошка служба. Најсилниот последователен потрес бил со јачина од 5,3 степени.

Земјотресот се случи помалку од еден час откако беше симулиран алармот за земјотрес

Силниот земјотрес се случи помалку од еден час по симулирањето на алармот за земјотрес, со што се одбележа годишнината од двата разорни земјотреси што се случија пред пет и 32 години на истиот ден, на 19 септември.

Умберто Гарза стоел пред ресторан во Мексико Сити, држејќи го својот тригодишен син. Гарза рече дека алармот за земјотрес се вклучил толку брзо по годишната симулација што не бил сигурен дека е вистинска.

„Го слушнав алармот, но се огласи многу далеку“, рече тој.

Фото: ЕПА

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons