Спорт

Игор Стефановски – Иџе доминантно победи на трка во Котор

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски повторно покажа класа на меѓународната сцена и триумфираше на ридско-планинската трка во Котор.

Иџе ја искористи паузата од настапите во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки и прифати учество на ова натпреварување, каде што доминираше во силна конкуренција од 134 возачи.

Македонскиот возач имаше вкупно време од 4:20,64 часа, односно 2:10,86 часа во првата и 2:09,78 часа во втората трка. Со тоа за речиси 13 секунди беше подобар од второпласираниот противник.

Трката, која важи за една од најатрактивните во регионот, беше дел од календарот на шампионатот на Црна Гора, како и од првенството на Хрватска и Адриатик купот, а Стефановски уште еднаш потврди дека е меѓу најдобрите во регионот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons