ЗЕМЈОТРЕС СО ЈАЧИНА ОД 3,5 СТЕПЕНИ Попладнево затресе во Скопско
Земјотрес се почувствува во Скопје попладнево во 17 часот и 41 минута.
Според Европската макросеизмичка скала, земјотресот бил со јачина од 3,5 степени. Измерен е на длабочина од 5 километри, и на 21 км источно од Скопје, односно 15 км источно од Кисела Вода.



