Зеленски: Ова е победа, чекавме 120 дена и 30 години за кандидатски статус во ЕУ
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја нарече „победа“ одлуката на Европскиот совет за доделување кандидатски статус на Украина.
Во видеото објавено на Инстаграм веднаш по објавувањето, тој рече:
„Штотуку ја добивме кандидатурата. Ова е победа што ја чекавме 120 дена и 30 години. После тоа ќе го победиме непријателот и ќе се одмориме. Или можеби прво ќе ја обновиме Украина, а потоа ќе се одмориме“.
Зеленски додаде:
„А можеби дури и ќе победиме, ќе се обновиме, ќе влеземе во ЕУ и потоа ќе се одмориме. Или можеби нема да се одмориме. Иако децата не би се согласиле со тоа. Но, ние дефинитивно ќе победиме“.