Актуелно

Здравствените работници најавуваат генерален штрајк 

Бел штрајк царува во здравството поради незголемените плати и игнорантскиот однос од надлежните. На работа без ентузијазам, постојани кавги и нервози додека пациенти чекаат прегледи а здравствените синдикати чекаат потпишување на договорот. Никој незнае дали со априлската плата ќе ги добијат ветените 2000 денари кои се синдикални барања за 2022 година.

-Со сегашните покажувања платата на лекар хирург и на било кој специјалист е 3 спрема еден со функционерите во плати, во оваа социјална сиромашна држава, вели д-р Предраг Серафимовски претседател на Синдикат на Клинички.

-Седум месеци не маткаат од министерство до министерство за 3000 со 2000 илјади и одеднаш тие преку ноќ си зголемуваат за 78 проценти..се чуствуваме како ретардирани, вели Стојка Накевска потпретседател на Синдикат на Клинички.

Најголемите здравствени синдикати се револтирани што постојано чекаат некое мислење и молат за 2000 денари месечно а функционерите веќе добија по 2000 денари дневно повеќе на сметка.

-Генералниот штрајк ни останува како опција како израз на револт, но се надеваме дека нема да дојде да ја донесеме оваа најрадикална мерка бидејќи при генерален штрајк трпи третото лице – пациентот, вели Љубиша Каранфиловски претседател на Самостоен синдикат на здравство, фармација

А каква е состојбата во здравствениот систем доволно сведочи изјавата на министерот Фатмир Меџити – не би сакал да се лекува во штипската болница поради лошите услови.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons