Спорт

Зверев го елиминираше Де Минор и се пласираше во полуфиналето во Шангај

Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во полуфиналето на мастерс-турнирот во Шангај, откако денеска во четвртфиналето го совлада Австралиецот Алекс де Минор со 6:4, 6:4.

Натпреварот траеше еден час и 18 минути. Зверев е втор тенисер на светската ранг-листа, додека Де Минор се наоѓа на деветтото место.

Германецот во двата сета направи по еден брејк, што му беше доволно за победа и пласман меѓу четворицата најдобри на турнирот во Кина.

Во полуфиналето Зверев ќе се соочи со Шпанецот Алехандро Давидович Фокина.

Преостанатите два четвртфинални натпревари ќе се играат утре, а ќе се сретнат Данил Медведев и Томи Пол, односно Рафаел Ходар и Каспер Руд.

Мастерс-турнирот во Шангај се игра за награден фонд од 9.415.725 долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons