МакедонијаНајново

За оваа година планирано порибување на Охридското Езеро со 1,6 милиони единки пастрмка

Охридското Езеро годинава се планира да биде порибено со околу 1,6 милиони единки на ендемичниот вид охридска пастрмка, што е за околу 500 илјади повеќе во споредба со минатата година, информираше заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Албрим Хоџа при посетата на Хидробиолошкиот завод во Охрид.

Хоџа, заедно со претставници на Државниот инспекторат за земјоделство, Мирко Укоски и Арбнор Арифи, се запозна со процесот на вештачко размножување на охридската пастрмка и подготовките за порибување на езерото.

Охридската пастрмка е едно од најголемите богатства на нашето езеро и нејзината заштита е наша заедничка одговорност- истакна Хоџа.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како што беше посочено, ќе продолжи со активностите и институционалната поддршка за заштита, размножување и зачувување на охридската пастрмка како автохтон вид и едно од најзначајните природни богатства на Охридското Езеро.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons